ЕУ е подготвена да ги зголеми своите климатски амбиции

Сподели со своите пријатели

Европската унија (ЕУ) е подготвена да ги зголеми своите климатски амбиции, изјави денеска потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс.

Loading...

ЕУ треба да ја намали емисијата на штетни гасови со ефектот на стаклена градина за најмалку 57 отсто до 2030 година, а претходно поставената цел е 55 отсто, изјави Тимерманс на Конференцијата на ОН за климата (COP27) во Египет.

Европскиот функционер ги подвлече неодамна постигнатите договори на земјите-членки за распределба на намалувањето на штетните гасови.

Тимерманс додаде дека ЕУ се придржува до „Зелениот договор“ и во моментов бара нови извори за снабдување со гас поради руската инвазија на Украина.