ЕУ досега замрзнала 17 милијарди евра руски имот!

Сподели со своите пријатели

Како дел од пакетот санкции против Русија, Европската унија досега замрзна повеќе од 17 милијарди евра руски имот, објави европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс.

Loading...

– Досега е замрзнат имотот на 90 лица, повеќе од 17 милијарди во седум земји-членки, од кои 2,2 милијарди во Германија – изјави Рајндерс за неколку германски весници, кои се дел од медиумската групација „Функе“.

ЕУ усвои осум пакети санкции од почетокот на војната во Украина пред осум месеци, потсетува порталот SEEbiz.

Поточно, украинските политичари постојано бараа замрзнатите средства да се користат за обнова на земјата по војната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: 40.000 руски војници од Украина пренасочени кон Курск

– Ако се работи за пари кои потекнуваат од криминални претпријатија запленети од ЕУ, може да се насочат во компензацискиот фонд за Украина. Сепак, таа сума во никој случај нема да биде доволна за финансирање на реконструкцијата – истакна Рејндерс.

Според него, како дел од западните санкции, замрзнати се 300 милијарди евра девизни резерви на руската централна банка.

Рејндерс смета дека тие 300 милијарди можат да се чуваат барем како гаранција додека Русија доброволно не учествува во обновата на Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...