15.04.2019 13:13

ЕУ донесе одлука која нема да им се допадне на технолошките гиганти


Советот на Европската унија ја усвои директивата за авторските права.

Овој акт би требало да овозможи поправедна накнада за креатори на содржина на интернет, уметници и новински издавачи.

loading...

За директивата гласале 19 земји членки на ЕУ, шест биле против, а три членки биле воздржани, пренесува CNBC.

Европскиот парламент веќе претходно гласаше за директивата и сега преостанува само ојава во службениот гласник на ЕУ, по што земјите членки имаат 24 часа за пренесува на директивата во своите национални законодавства.

Целта на новиот закон е да се прилагоди европското законодавство на времето на дигиталната револуција, со оглед дека актуелниот закон за авторски права датира од 2011 година, кога технолошките џинови како Гугл и Фејсбук немале толкаво влијание врз општеството како денес.

Околу новата директива се водеше битка две и пол години.

Заговорниците на реформите сметаат дека технолошките гиганти мора да преземат одговорност и да платат на авторите за содржините на кои остваруваат голем профит, додека противниите сметаат дека новите правила само ќе се пренесат на штета врз корисниците кои ќе добијат цензура врз поставување на содржината.

Предлог директивите, кои Комисијата ги претставила во септември 2016 година, покрена една од најжешките лобистички војни во историјата на ЕУ, во која силите ги одмеруваа на една страна медиумските куќи и уметничката индустрија, а на другата технолошките гиганти и поборниците за слобода на интернетот.

loading...

Голема битка се водеше околу членовите 11 и 13 кои даваат право на медиумските издавачи да ги наплатат своите содржини на интернет сајтовите како Гугл њуз, а исто така ќе можат полесно да воочат и пронајдат кршење на авторските права на сајтови како Јутјуб.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments