Во Брисел оценуваат дека сега е јасно оти до крајот на годината и завршувањето на транзицискиот период нема да биде можно се да се договори и да се ратификува договорот со Велика Британија за Брегзит.
– Крајниот рок за постигнување договор најверојатно е 31 декември, но веќе сега знаеме дека не е можно се да се договори и да се добие ратификација во Европскиот парламент. верувам дека е веќе доцна за тоа, сега мораме да видиме што понатаму, оцени неименуван висок дипломат на ЕУ.
Претставниците на Брисел нагласуваат дека во тек се интензивни преговори со Лондон и оти се уште се чекаат резултатите во облик на договор за идните односи..
– Ајде да видиме дали до тоа ќе се дојде до крајот на оваа недела или кога било или дали тоа воопшто ќе биде, истакна ЕУ дипломатот.
Марина Илиевска