ЕУ денеска за нови санкции за Русија и Иран и помош за Украина

Сподели со своите пријатели

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија денеска ќе се сретнат за да се обидат да договорат нови санкции за Русија и Иран и за дополнителни две милијарди евра за испорака на оружје за Украина, пренесува Ројтерс.

Loading...

Сè уште не се знае дали Унгарија ќе блокира какви било одлуки, прибегнувајќи кон она што се смета за уценувачка дипломатија околу спорот за блокираните фондови на ЕУ за Будимпешта, што според висок дипломат на Унијата е проблематично прашање што е јасно присутно, но се избегнува како тема за разговор, според британската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Соборени се 50 руски проектили кои ја гаѓаа енергетската инфраструктура на Украина

„Постои начелна согласност, но има и голем слон во собата“, изјави овој дипломат за новинарите, зборувајќи за тоа дека Будимпешта го искористи правото на вето.

Тој рече и дека ова е вид на уцена дипломатија што попрво не би ја виделе, но дека „ е она што е“.

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе разговараат за деветтиот пакет санкции против Русија, кој треба да опфати уште речиси 200 поединци и субјекти, а предвидено е да разгледаат и нови санкции против Иран за кршење на човековите права за време на задушувањето на демонстрациите и испораката на беспилотни летала во Русија. пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија годинава извезла околу 20 отсто повеќе гас во Европа

Тие имаат намера да додадат две милијарди евра во фондот за финансирање на набавка на оружје за Киев, кој во голема мера е исцрпен за време на речиси 10-месечната војна во Украина.

Се очекува министрите да договорат цивилна мисија во Молдавија, која би можела да побара помош во сајбер одбраната, борбата против корупцијата или зајакнувањето на владеењето на правото, наведува британската агенција.

Министрите за надворешни работи на ЕУ, исто така, планираат да го отворат патот за тригодишна воена мисија во Нигер, со околу 50 до 100 војници првично и до 300 подоцна, за да и помогнат на земјата да ја подобри својата логистика и инфраструктура.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руската полиција спречи атентат врз директор на воено-индустриско претпријатие

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.