ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ ВО МЈАНМАР: Муслимански села срамнети со земја (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мјанмар со булдожери срамни повеќе од 55 празни села, во кои живееле Рохинџите, соопшти денеска организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“.

ХРВ тврдењето го темели на сателитски снимки од северниот дел на сојузната држава Рајкан.

Loading...

Уништувањето на тие села би можело да значи и уништување на доказите за ѕверствата на војската на Мјанмар. Во август минатата година бунтовниците Рохинџи нападнаа 30 полициски станици и воена база, а потоа армијата возврати на нападите и принуди 688.000 Рохинџи да ги напуштат домовите и да најдат засолниште во соседен Бангладеш.

Обединети нации операцијата на војската на Мјанмар ја оцени како етничко чистење на Рохинџите. Официјален Јангон тврди дека презел легитимна кампања против „муслиманските терористи“.

Владата на Мјанмар не им дозволи пристап на истражителите на Обединети нации и другите независни мисии до подрачјето на конфликтот.

Според ХРВ вкупно 362 села делумно или целосно се уништени.

Leave a Reply