Естонија протера руски дипломат

Сподели со своите пријатели

Естонското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека прогласило руски дипломат во Талин за непожелен поради мешање во внатрешните работи.

Loading...

– Денеска Естонија прогласи за персона нон грата вработен во руската амбасада со дипломатски статус, напиша на платформата Х естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахкна.

Според него, руската амбасада се вмешала во внатрешните работи на Естонија, поточно во судски процес, со прибавување на документи за кривично дело и придонесувајќи за нивно објавување на руските социјални мрежи.

Цахна ги повика руските специјални служби да престанат со координираните акции против Естонија, вклучително и хибридните операции.

Официјалната нота беше доставена до вршителот на должноста на руската амбасада во Талин, бидејќи амбасадорот беше протеран од Естонија во јануари 2023 година.

Тогаш тоа беше мерка на реципроцитет поради одлуката донесена од Москва.

По новото протерување од руската амбасада, шест дипломати ќе останат во Талин, изјави за агенцијата Франс прес неименуваниот портпарол на естонското МНР.