Ерупција на подводен фулкан во Пацификот предизвика цунами (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во неколку земји беше издадено предупредување за цунами по ерупцијата на подморски вулкан во Тихиот Океан.

Ерупцијата на вулканот Хунг Тонг била толку силна што била „снимена“ на сателит.

 

 

Меѓу земјите кои издадоа предупредување за цунами се Тонга и Нов Зеланд.

Соединетите Американски Држави исто така издадоа предупредување за Американска Самоа.

Жителите на Тонга известуваат дека пепелта паѓа над главниот град Нукуалофа и властите го повикале населението да се засолни на повисоките места.