Ерменија: Можно потпишување на мировен договор со Азербејџан

Сподели со своите пријатели

Секретарот на ерменскиот совет за безбедност Армен Григоријан изјави дека постои шанса Ерменија да потпише мировен договор со соседен Азербејџан до крајот на оваа година.

Loading...

Григоријан за националната телевизија изјави дека преговорите биле многу интензивни, пренесе ТАСС.

„Доколку можеме да го задржиме овој интензитет и има силна поддршка од меѓународната заедница за да се постигне напредок, тогаш постои шанса да се постигне мировен договор до крајот на годината“, рече Григоријан.

Москва, Вашингтон и ЕУ одделно се обидуваат да помогнат да се обезбеди траен мир меѓу Азербејџан и Ерменија, кои водеа две војни во изминатите 30 години за енклавата Нагорно-Карабах.

Во 2020 година, Азербејџан ја презеде контролата врз областите контролирани од етнички Ерменци во и околу Нагорно-Карабах.

Енклавата е меѓународно признаена како дел од Азербејџан, но е населена главно со етнички Ерменци.

Двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето договорено во 2020 година, пренесува Танјуг.

Минатата недела беше најавено дека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, ерменскиот премиер Никол Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ќе се сретнат во јули.

Loading...