Ерменија: Азербејџан изврши вооружен напад во пограничната област

Сподели со своите пријатели

Вооружените сили на Азербејџан синоќа ги нападнаа позициите на ерменската војска во пограничната зона, во правец на селото Кутакан во Гегаркунската област, соопшти Министерството за одбрана на Ерменија.

Loading...

„Во понеделник, на 22 мај, во 23:20 часот по московско време, единиците на вооружените сили на Азербејџан отворија оган врз ерменските позиции во правец на Кутакан, користејќи оружје од различен калибар. На ерменска страна нема жртви, јавува Танјуг.

Утрото во 07:00 часот по московско време, ситуацијата на линијата на фронтот беше релативно мирна“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Ерменија, пренесе Тас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија: Наместо за бебиња, фабрика се префрла на производство на пелени за возрасни