Азербејџанските вооружени сили ги гранатираа градовите Шуши и Мертуни во регионот Нагорно Карабах, изјави денеска портпаролот на ерменското Министерство за одбрана, Арцун Хованисјан.
Loading...
– Непријателот рано утрово продолжи со гранатирање на цивилни населби во Нагорно-Карабах. Шуши и Мартуни се под особено голем артилериски оган, напиша Хованисјан на Фејсбук.
Судирите продолжија на 27 октомври и прераснаа во интензивна размена на оган во која беа убиени голем број цивили.
Досега се договорени и многу брзо прекршени три примирја.
Златко Шумковски