Ереван: Азербејџан користи балистички ракети против цивили

Сподели со своите пријатели

Азербејџанската армија користи балистички ракети против цивилни цели во Нагорно Карабах, изјави денеска портпаролот на ерменското Министерство за одбрана, Артсун Хованисјан.

Loading...

– Цивилни објекти се мета на непријателски балистички ракети. Претпоставуваме дека тие користат ракети ЛОРА“, напиша тој на Фејсбук.

Во меѓувреме, ерменскиот премиер Никол Пашинијан во интервју за канадското издание Глоуб енд меил изјави дека вклучувањето на сириските платеници во конфликтот во Нагорно Карабах спречува повлекување на ерменските сили од регионот.

– Терористи од Блискиот исток се борат на страната на Азербејџан, чиј спонзор е Турција. Како некој сега може да предложи населението во Нагорно Карабах да остане незаштитено од терористи и екстремисти, праша Пашинијан.

Тој истакна дека примирјето е можно само доколку „Турција се повлече од Јужен Кавказ“.

Претходно, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва е загрижена поради информациите за преместување на милитанти од илегални вооружени групи, особено од Сирија и Либија, во Нагорно Карабах.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Брисел, каде се одржува самитот на ЕУ, изјави дека неговата земја потврдила оти повеќе од 300 радикални исламисти пристигнале од Сирија преку турскиот Газиантеп, во зоната на судири во Нагорно Карабах.

Leave a Reply