Ердоган: Турција имаше проблеми со првичниот одговор на земјотресите

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека оимал одредени проблеми со првичниот одговор на разорните земјотреси што во понеделникот го погодија јужниот дел на земјата, но дека сега се работи подобро.

Loading...

За време на посетата на провинцијата Кахраманмарас, во близина на епицентарот на земјотресот, Ердоган ги призна проблемите со патиштата и аеродромите и истакна дека ситуацијата сега е подобра, пренесува Ројтерс.

Претседателот на Турција им порача на граѓаните исклучиво да ги слушаат информациите што ги добиваат од властите и да ги игнорираат „провокаторите“.

„Ниту еден наш граѓанин нема да остане на улица“, рече Ердоган, пренесе АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.