Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смета дека украинската криза ќе трае долго, нагласувајќи дека тој соработува со Русија и ѝ верува ни помалку ни повеќе од Западот.
– Немам причина да не им верувам (на Русија). Колку што е доверлив Западот, толку е и Русија. Во последните 50 години стоевме на прагот на Европската унија, а во овој момент ѝ верувам на Русија ни помалку ни повеќе како на Западот – изјави Ердоган во интервју за „ПБС“.
– Половина од увозот на природен гас доаѓа од Русија, што значи наша солидарност. Одиме напред со заеднички чекори, соработуваме и во одбранбената индустрија. Сето тоа можеме да го направиме заедно со Русија – додаде претседателот.
Според него, Анкара и земјите-членки на ЕУ имаат различни ставови за Руската Федерација.
– Русија е еден од моите најблиски соседи. Имаме и заедничка историја – рече Ердоган.
Тој смета дека конфликтот во Украина „ќе трае долго“.
Сепак, Турција се надева дека тоа „ќе заврши што е можно поскоро“, рече претседателот.
Ердоган нагласи дека Москва „навистина сака да стави крај на конфликтот што е можно поскоро“.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.