Ердоган: Просирискиот конвој го напушти Африн под турски оган (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Конвој просириски сили, кој влезе во северозападниот сириски регион Африн, се врати откако турските сили врз нив отвориле артилериски оган, изјави вчера турскиот претедател Реџеп Таип Ердоган, тврдејќи дека конвојот бил составен од терористи кои делувале независно.

Ердоган рекол дека претходно постигнал договор за тоа прашање со рускиот претседател Владимит Пурин и иранскиот претседател Хасан Хорани, и ги предупредил дека таа група, за која навел дека се шиитски милиции, скапо ќе платат, пренесува Ројтерс.

– За жал, ваквиот тип терористичка организација прави погрешни чекори со одлуките кои ги носи. Ние тоа нема да го дозволиме. Тие скапо ќе платат, рекол турскиот претседател на конференцијата за новинари.

Претходно, сириската државна телевизија објави снимки на кои се гледа како конвојот провладини борци влегува во сирискиот регион под контрола на Курдите, Африн, за да им помогне во одбраната од турските сили.

Инаку просириските борци влегоа во Африн ден откако Турција ја предупреди сириската влада да не испраќа сили во таа енклава под контрола на Курдите каде е во тек обемна турска воена офанзива, со порака дека ќе возвратат кон трупите ако целта им е да ги штитат курдските борци, наведува АП.

Loading...

Leave a Reply