Ердоган повторно се закани: Ќе ви ги пуштиме бегалците

Сподели со своите пријатели

Турција ќе мора да ја отвори вратата кон Европа за сириските бегалци, доколку Европската унија не ѝ обезбеди доволно поддршка на Анкара, изјави турскиот претседател Ердоган.

Loading...

Тој додаде дека Турција не може сама да го понесе овој товар.

Турција сака да воспостави „безбедна зона“ во северо-источна Сирија, каде вели дека до 2 милиони сириски бегалци можат да се преселат откако регионот ќе биде „расчистен од курдските милиции“.

Анкара повеќе пати ја повикуваше ЕУ да ѝ помогне на Турција да биде домаќин на повеќе од 3,5 милиони бегалци, пренесува Ројтерс.

– Без разлика дали ќе добиеме поддршка или не, ние ќе продолжиме да им помагаме на гостите на кои сме им домаќини. Но, ако не успееме да го сториме тоа, ќе мора да ја отвориме вратата“, рече Ердоган на прес-конференцијата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта.

Leave a Reply