Ердоган полага заклетва во сабота

Сподели со своите пријатели

Новоизбраниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган ќе положи заклетва во сабота на 3 јуни, додека новата влада на земјата би можела да положи заклетва следниот ден, изјави извор од Анкара за ТАСС.

Loading...

– Претседателот ќе положи заклетва и ќе ја преземе функцијата во сабота. Во недела се очекува членовите на кабинетот да положат заклетва и да почне со работа новата влада – рече тој.

Портпаролот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) Омер Челик рече дека Ердоган би можел да го објави составот на новата влада веднаш по положувањето заклетва.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Ова се гледа еднаш во 100 години!“: Кина погодена од застрашувачки поплави! (ВИДЕО)

Се очекува само тројца министри од актуелната влада да ги задржат функциите – надворешни и внатрешни работи и одбрана.

Денеска е последната седница на актуелната влада

Ердоган денеска ќе ја одржи последната седница на актуелната влада.

Највисокото изборно тело во Турција, Врховниот изборен совет, вчера ги објави официјалните резултати од парламентарните избори на 14 мај. Пратениците според протоколот треба да положат заклетва на 2 јуни.

На 28 мај во Турција се одржа вториот круг од претседателските избори. Врховниот изборен совет го прогласи Ердоган за победник врз основа на прелиминарните резултати.

Со преброени 99,43 отсто од гласачките ливчиња, Ердоган освои 52,14 отсто од гласовите, а кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу 47,86 отсто.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наставниците во Тенеси ќе можат да носат оружје на училиште