Ердоган по земјотресот: Заедно ќе ја надминеме оваа катастрофа

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган го коментираше катастрофалниот земјотрес што рано утринава ја погоди јужна Турција.

Loading...

Магнитудата на земјотресот била 7,8 степени според Рихтеровата скала.

Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега е повеќе од 500, а речиси 2.000 се повредени. Во тек е голема спасувачка операција.

Ердоган на Твитер напиша дека спасувачките екипи доаѓаат од целата земја. „Се надеваме дека заедно ќе ја надминеме оваа катастрофа што е можно поскоро и со најмала штета“, напиша тој.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека биле погодени неколку провинции, се урнале згради и била побарана меѓународна помош.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.