Ердоган: Не може да има мир додека Израел не ги признае основните права на палестинскиот народ

Сподели со своите пријатели

Не може да има мир додека Израел не ги признае основните права на палестинскиот народ и формирањето на државата Палестина во границите од 1967 година, изјави во четвртокот турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Loading...

Турскиот претседател рече дека повиците за мир во Појасот Газа, каде Израел уби повеќе од 28.000 луѓе, „за жал остануваат неуспешни поради негативниот пристап на САД“.

Говорејќи пред новинарите на враќање од Египет по еднодневната официјална посета, Ердоган рече дека ставовите што ги изразил за време на почетокот на конфликтот во палестинската енклава сега одекнуваат на Запад.

Ердоган рече дека нападите врз Појасот Газа, кои траат од 7 октомври, го одразуваат „вообичаениот недостаток на совест“ на Израел и подвлече дека безбедноста на луѓето во регионот „не може да биде загрозена“.

„Светот не може да игнорира дека решението лежи во независна, суверена палестинска држава со главен град во Источен Ал Кудс врз основа на границите од 1967 година. Дали упатувањето на цивилите во наводно безбедни зони пред напад е во согласност со хуманитарните вредности, законите за војна, меѓународното право, човековите права?“, праша турскиот претседател.

Тој најави продолжување на соработката меѓу Турција и Египет со цел да се реши палестинското прашање во насока на изнаоѓање одржливо решение.

Турскиот претседател рече дека координацијата и соработката на Анкара со Каиро значително ќе придонесе за мирот, спокојството и стабилноста во регионот, додавајќи дека неговиот египетски колега Абдел Фатах ел Сиси ќе ја посети Турција во април или мај.

Како што рече, посетата, која беше договорена на покана на египетскиот претседател Сиси, беше многу искрена, продуктивна и успешна.

Loading...

Ердоган изрази подготвеност Турција уште еднаш да посредува на средбата на конфликтните страни Русија и Украина, со цел „да се отвори вратата за мир“.

Тој рече дека Анкара постигнала „опипливи резултати за мир во украинско-руската војна“ и дека таа може „да продолжи“.

„До сега дававме опипливи резултати кои му служат на мирот во војната меѓу Украина и Русија. Се случија многу значајни настани, од размена на затвореници до формирање на коридор за жито“, рече Ердоган.

„Можеме да го направиме тоа повторно и да ја отвориме вратата за мир со управување со процеси ориентирани кон решенија, без надворешни влијанија“, рече Ердоган.

Тој нагласи дека Анкара „нема да се откаже од својата потрага по мир“.

„Ќе продолжиме да правиме се што можеме за да постигнеме мир“, рече Ердоган.

Ердоган зборуваше и за односите меѓу Турција и САД, наведувајќи дека има се повеќе теми за кои двете земји се согласуваат.

Тој рече дека има „позитивен развој“ во односите меѓу Анкара и Вашингтон.

Loading...

„Можеме да кажеме дека бројот на прашања за кои размислуваме слично или сме постигнале консензус со САД се зголемува“, рече Ердоган.