Ердоган нареди изградба на гасен центар за рускиот гас

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му нареди на Министерството за енергетика да започне со изградба на гасен центар во Турција по разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, објавија денеска турските медиуми.

Loading...

Ердоган додаде дека двете земји веднаш ќе почнат да работат на предлогот на Путин за транспорт на руски гас во Европа и дека нема да има чекање.

Путин вчера на средбата со Ердоган рече дека Турција е најсигурната рута за испорака на гас во Европската унија и предложи изградба на гасен центар во таа земја.

„За време на работата на центарот, кој би можеле да го изградиме заедно, тој, се разбира, би бил платформа не само за тргување со гас, туку и за одредување на цената, што е многу важно прашање – прашањето за цената“, рече Путин.

Тој додаде дека „овие цени денес се исклучително високи“ и дека лесно можат да ги насочат „на нормално пазарно ниво, без никакви политички призвук“.

Претходно во средата, Путин навести дека Русија би можела да изгради голем гасен центар во Турција со пренасочување на испораките наменети за гасоводот Северен тек под Балтичкото Море, кој беше оштетен во експлозиите минатиот месец.

Шведските и данските власти ги истражуваат експлозиите како акти на саботажа, но се уште не кажале кој според нив стои зад нив.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...