Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска во Истанбул дека земјата планира да го зголеми домашното производство на нафта до 100.000 барели дневно следната година.
„Планираме да го зголемиме домашното производство на нафта до 100.000 барели дневно следната година“, рече Еродган на настанот во рамките на Неделата на турските иновации.
Како што пренесува Anadolu Agency, тој истакна дека Турција „ќе ја продолжи решителната борба“ додека не се најде меѓу десетте водечки економии во светот.
„Чекор по чекор го решаваме проблемот со трошоците за живот, кој е најголемиот извор на проблеми за целиот свет, вклучително и Европа и Америка“, рече Еродган.
Ердоган рече и дека буџетот на проекти во областа на одбранбената индустрија е зголемен од 5,5 милијарди на над 75 милијарди долари и додаде дека извозот во таа област оваа година најверојатно ќе надмине четири милијарди долари.
Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.