Ердоган ќе ги посети подрачјата погодени од земјотресот

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ги посети подрачјата погодени од силниот земјотрес, јавува Anadolu Agency.

Loading...

Ердоган ќе ги посети градот Кахраманмарас и провинцијата Хатај, во близина на епицентарот на силниот земјотрес, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

Ердоган претходно прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те најпогодени провинции од земјотресот.

Спасувачите ја продолжуваат потрагата по преживеани.

Според последните податоци, во земјотресот во Турција загинале 6.234 лица, а повредени се 37.011 лица, јавува Anadolu Agency.

Бројот на жртвите во Сирија надмина 2.500.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.