Ердоган: Израел е терористичка држава, Нетанјаху да каже дали има нуклеарна бомба

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска оцени дека Израел е „терористичка држава“ која врши воени злосторства и го крши меѓународното право во Газа и го повтори ставот дека палестинската милитантна група Хамас не е терористичка организација.

Loading...

Говорејќи пред членовите на парламентот, Ердоган го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да соопшти дали Израел има нуклеарни бомби или не и додаде дека израелскиот премиер ја напушта функцијата, пренесува Ројтерс.

Тој рече и дека Хамас е политичка партија избрана од Палестинците, пренесува Танјуг.