Ердоган: Изборите во Турција ќе се одржат на 14 мај

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека изборите во Турција ќе се одржат на 14 мај годинава, јавува Анадолија.

Loading...

Во турскиот град Бурса, Ердоган учествуваше во програма организирана од младински организации.

Турскиот претседател изрази посебно задоволство од средбата со младите луѓе, за кои рече дека се надеж на државата и турската нација.

„Додека гледаме на визијата на нашата младина, со надеж гледаме и на нашата иднина“, рече Ердоган.

Претседателски и парламентарни избори

Тој нагласи дека е многу важно Турција да продолжи со своите успеси и напредок.

„Ова нѐ потсетува и дека треба повеќе да работиме и да се бориме за да го изградиме „Векот на Турција“ што ќе ви го оставиме во наследство. Благодарен сум на Бога што ќе чекориме рамо до рамо со вас, наша ценета младина која првпат гласате, на изборите што ќе се одржат на 14 мај“, рече Ердоган и додаде:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Канаѓанец починал на одмор во Куба. На семејството му испратиле погрешно тело

„Нашите очекувања од вас, нашите млади, кои првпат ќе гласате на претстојните избори, се најдобро и најкоректно да го видите светот и нашата земја со можностите што ви стојат на располагање.

Претседателските и парламентарните избори во Турција претходно беа закажани за 18 јуни, но беа преместени за 14 мај.

Loading...