Турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган денеска треба да се сретне со неговиот колега, рускиот претседател Владимир Путин.
Средбата е планирана во Казахстан на маргините на регионалниот самит.
Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, рече дека турскиот претседател би можел да предложи идеи за мир, навестувајќи дека „нѐ чека многу интересна и, се надевам, корисна дискусија“.
– Сега многумина велат дека Турците се подготвени да излезат со други иницијативи во контекст на решавање на украинскиот конфликт. Во весниците пишува дека турската страна изнесува конкретни размислувања во оваа смисла, не исклучувам дека Ердоган активно ќе ја допре оваа тема за време на контактот во Астана. Значи, нè очекува многу интересна и, се надевам, корисна дискусија – рече тој.
Во Астана се одржува шестиот самит на „Конференција за интеракција и мерки за градење доверба во Азија“, група од 27 азиски земји, меѓу кои Русија, Иран, Кина, Пакистан, Израел и Палестина.
Ердоган е еден од ретките преостанати светски лидери кои одржуваат блиски односи со Путин, иако Турција ја осуди агресијата врз Украина и обезбеди помош за оваа земја.
Поради добрите односи со Украина и Русија, Турција во неколку наврати се наметнуваше како посредник, а во Анкара беа одржани неколку рунди мировни преговори.
Со посредство на Турција и ОН беше постигнат договор за извоз на жито со бродови од Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.