Ердоган и неговата сопруга посетија 16 бебиња спасени од урнатините во Турција (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Првата дама на Турција, Емина Ердоган посети 16 бебиња во болница во Анкара.

Loading...

Бебињата беа пренесени со претседателскиот авион од Кахраманмарас и околните региони каде беа пронајдени во урнатини по разорните земјотреси што ја погодија областа.

Претходно и самиот Ердоган ги посети бебињата и рече дека тие се добро и се во сигурни раце на државата.

За жал, по разорниот земјотрес останаа без родители.

Нивниот идентитет не е познат, а се работи за бебиња до една година, пишува 24сата.хр.

 

 

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Страшни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погодија во понеделник Турција и Сирија.

Во него животот го загубија повеќе од 16.000 луѓе, а црните бројки растат од час во час.

Спасувачите од целиот свет ги пребаруваат урнатините и зградите за да ги спасат луѓето под нив.

Досега од урнатините се извлечени неколку деца, од двомесечни бебиња до тинејџери.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.