Ердоган ги забрани електронските цигари

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека никогаш нема да дозволи компании кои произведуваат електронски цигари да ги продаваат своите производи во Турција, барајќи од Турците да консумираат чај наместо цигари.

Loading...

Говорејќи на митингот против пушењето во Истанбул, Ердоган рече дека наредил министерот за трговија „никогаш“ да не дозволи влегување на е-цигари во Турција, истакнувајќи дека тутунските компании се богатат со труење со луѓе.

„Тие побараа место и лиценца за производство на тие електронски цигари. Ние не дадовме и нема да дадеме таква лиценца. Ако тоа е нивна инвестиција во Турција, нека одат и нека инвестираат на друго место“, рече Ердоган.

Во Турција во 2016 година се регистрирани 27 проценти од пушачите од вкупното турско население на возраст над 15 години, соопшти Светската здравствена организација, што е намалување за четири проценти во однос на 2010 година. Повеќето пушачи се мажи.

Иако потрошувачката на електронски цигари во Турција не е забранета, купување или дистрибуција е. И покрај забраната, електронските цигари го наоѓаат својот пат до потрошувачите преку интернет.

Ердоган, кој е познат по тоа што не толерира алкохол и цигари, честопати ги повикува Турците да се откажат од пушењето и алкохолот.

Во 2013 година, неговата влада ги забрани сите реклами, промоции и спонзорски договори за алкохол и тутун.

Leave a Reply