Ердоган: Чекаме САД да ја одобрат продажбата на Ф-16, па ќе ја пуштиме Шведска во НАТО

Сподели со своите пријатели

Турција се уште чека САД да одобрат продажба на борбени авиони Ф-16 пред парламентот во Анкара да ја ратификува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Loading...

„Очекувам нешто од вас“, рече Ердоган при враќањето од Катар, мислејќи на САД.

„Одобрете ја оваа (продажба на Ф-16) во вашиот Конгрес и ние ги преземаме овие чекори заедно“, рече Ердоган, цитиран од неговата канцеларија за комуникации.

Останува нејасно дали и кога Конгресот на САД ќе постапи по планот.

Американскиот претседател Џо Бајден ја поддржува продажбата, но се уште има одредено противење во Конгресот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Коверт со неидентификуван прав испратен во домот на синот Трамп

Турција и Унгарија не ѝ дозволуваат на Шведска да влезе во НАТО

Ратификацијата на приемот на Шведска во НАТО во турскиот парламент се чека од октомври кога Ердоган го испрати, по неколкумесечно противење на наводната поддршка од Стокхолм за групите кои Анкара ги смета за „терористички“.

Сојузниците на НАТО неодамна изразија разочарување од долгиот процес во Анкара.

Шведска нема одобрение од Турција, а нема ни од Унгарија.

Loading...