Ердоган: Цела Европа се прашува како ќе помине оваа зима

Сподели со своите пријатели

Поради ограничувањата за испораките на гас од Русија, европските земји ќе се соочат со големи тешкотии, предупредува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Loading...

– Европските земји очекуваат значителни тешкотии оваа зима поради ограничувањата за испораките на гас од Русија. Токму сега цела Европа се прашува: „Како ќе ја помине оваа зима? – рече Ердоган на средбата со членовите на Турскиот младински фонд во Истанбул, пренесува агенцијата Анадолија.

Ердоган, исто така, претпостави дека Турција нема да има проблеми со снабдувањето со енергија оваа зима.

По почетокот на руската специјална операција во Украина, Западот го зголеми притисокот на санкциите врз Москва, што доведе до зголемување на цените на струјата, горивата и прехранбените производи во Европа и САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лукашенко за ангажманот на севернокорејските војници: Открива како Путин може да користи нуклеарно оружје

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека политиката на задржување и слабеење на Русија е долгорочна стратегија на Западот, а ограничувањата и нанесоа сериозен удар на целата светска економија.

Рускиот министер за енергетика Николај Шулгинов за ТВ „Русија 1“ изјави дека западните политичари кои зборуваат за воведување ценовни ограничувања на руската нафта и гас само ги влошуваат работите во нивните земји.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.