Двата големи ривали, „Епл“ и „Гугл“, чии софтвери доминираат во светот на мобилната технологија, во петокот објавија дека ги здружуваат силите за да им помогнат на здравствените власти да ги следат заболените од коронавирусот.
Тие планираат да додадат технологија на своите паметни телефони што ќе го предупредат нивниот корисник доколку контактира со лице заболено од „Ковид 19“.
Збогум на СМС, добредојде на 5G пораките
Како предупредува системот?
Новиот систем би користел Bluetooth комуникација со краток дострел за да постави доброволна мрежа за следење на контакти, чувајќи податоци за телефоните кои биле во близина.
Здравствените власти ќе добијат пристап до овие податоци на нивните јавни апликации, а корисниците кои ги преземаат можат да се пријават ако се позитивно тестирани на Ковид19.
Google им забрани на вработените да ја користат оваа популарна платформа
Ова исто така ќе укаже на сопствениците на телефоните кои биле во непосреден контакт на заразени, да се самоизолираат и така да го спречат понатамошно ширење на вирусот. Се надеваме дека ќе ја искористиме моќта на технологијата за да им помогнеме на државите од целиот свет да го забават ширењето на Ковид 19 и да го забрзаат нивното враќање во секојдневниот живот“, се вели во официјална изјава на двете компании.
Гугл и Епл најавија дека нивниот проект ќе трае во две фази. Во првата фаза, тие планираат да издадат сет на алатки наречени API на почетокот од следниот месец, така што апликациите создадени од здравствените власти можат да работат и на Iphone уредите и со оперативниот систем Android.
Потоа, во втората фаза, во текот на следните месеци, тие ќе градат „систем за следење“ директно во нивните оперативни системи iOS и Android.
Facebook брише лажни вести за 5G мрежата, ограничувања и на Whatsapp
Идејата е апликацијата да може да запамети, преку анонимни Bluetooth-сигнали, телефони што биле во близина на корисникот. Ако еден од нивните сопственици бил тестиран позитивно за коронавирусот, на телефонот автоматски би стигнала пораката „можеби неодамна сте биле изложени“ и автоматски ќе се советува да се самоизолираат.
Слични апликации веќе се пробани во други земји, вклучително и Сингапур и Кина. Во Европа, Чешката Република вели дека ќе објави ваков пристап овој месец.
Британија, Германија и Италија, исто така, работат на развивање на своите системи за собирање податоци за контрола на инфекциите.
Удар за теориите на заговор: Јутуб ги укинува видеата занаводната врска на 5G и коронавиросут
Роберт Редфилд, директор на Центарот за контрола и превенција на болести во САД, изјави за НТП оваа недела дека на Америка и треба „многу агресивно сузбивање на контактите“ за да се врати животот во нормала!
Потенцијал за шпионирање
Заговорниците за заштита на приватноста на поединците се сомневаат дали таквата апликација може да стане дел од постојаната структура за набудување, на која двата технолошки гиганти одговориле дека се што било побарано ќе биде доброволно и ќе му обезбеди приватност на корисникот.
Кина предлага радикални промени на интернетот
Мајкл Веле, доцент на Универзитетскиот колеџ во Лондон, кој ја истражува употребата на Bluetooth технологија во забавување на ширењето на коронавирусот, го пофали пристапот на Гугл и Епл. Тој рече дека нивниот систем е дизајниран да осигура дека личните податоци не завршуваат на државните сервери.
Дури и Трамп е претпазлив
Во своето обраќање пред јавноста во петокот, претседателот Доналд Трамп го нарече концептот „многу интересен“, но, исто така, предизвика загриженост во врска со приватноста на корисниците, велејќи дека неговата администрација ќе го разгледа проектот.
Вистината за тоа дали 5G мрежата го предизвика коронавирусот (ВИДЕО)
Гувернерот на Калифорнија Гавин Њузам, од друга страна, е подготвен да ја стави новата технологија како дел од целата национална стратегија за борба против коронавирусот и да ги ублажи мерките за домашна изолација.
„Приватноста, транспарентноста и согласноста се најважни во овој напор“, велат компаниите во заедничката изјава, „Сите ние во „Епл“ и „Гугл“ се согласуваме дека никогаш не било поважно да се здружат силите за да се реши еден од најголемите проблеми во светот“.