„Епл“ го намалува прозиводството на „Ајфони“

Сподели со своите пријатели

Комапнијата „Епл“ ќе го намали производството на ајфони во следните три месеци за околу 10 отсто, објави листот „Никеи Ејшан Ривју“.

Loading...

Технолошкиот гигант рекол на своите добавувачки во декември дека во тримесечјето кое завршува во март ќе произведе помалку ајфони од првотибно планираните, наведува магазинот, повикувајќи се на извори запознаени со барањата на комапнијата, а пренесува ТВ мрежата CNBC.

Ова е втор пат во два месеци Епл да го менува планот за производство на своите паметни телефони, а најновото ревидирање се однесува на сите нови модели ајфони – XS Max, XS и XR.

Според предлого, вкупниот број на бланирано производстов на новите и стари модели ќе биде намален на околу 40 до 43 милиони единици во кварталот заклучно март, во донос на претходно планираните до 48 милиони единици.

Епл вендаш одговорил на барањето за коментар од CNBC.

Минатата недела, компанијата ги намали проекциите на своите заработки, препишувајќи ја вината на слабеењето на стопанскиот раст на Кина и намалениот приход од продажбата на ајфони.

Објавата дополнително ги здрма берзите, со оглед дека инвеститорите се загрижени поради успорувањето на втората најголема светска економија при трговскиот конфликт помеѓу Пекинг и Вашингтон.

Leave a Reply