Епидемијата на мали сипаници во Кумановската околија од 1961 година

Сподели со своите пријатели

Куманово денеска е соочено со предизвикот наречен коронавирус, како и целиот свет, но во меѓувреме да се потсетиме и на еден малку подалечен настан сличен на овој.

Loading...

Станува збор за епидемија на мали сипаници, која имала голема смртност пред повеќе од половина век, кога медицината била многу помалку развиена.

Вкупно 207 лица, од кои 55 деца, починале како резултат на компликации на малите сипаници во декември 1961 година во Кумановската околија, која во тој период имала девет општини Клечовце, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Липково, Орашац, Ранковце, Старо Нагоричане и Табановце.

Во Кумановската општина биле забелажни 22 смртни случаи, од кои осум во Романовце.

Липковската општина имала 20 случаи, пишува др. Д. Караџински во „Наш весник“ во 1962 година.

Статистиката покажува дека умреле 26 деца родени во 1961 година и дека тоа се деца на непросветени градски и селски фамилии. Умрените деца се на млади мајки, непросветени за да се борат со болеста, заклучува Караџински.

Опасноста од болеста постоела и во јануари 1962 година, па Караџински препорачува во борбата да не се прошири епидемијата да се вклучат експерти, сите општествено-политички организации, интермедијарниот центар за здравствена заштита на мајки и деца и други фактори.

Денеска сите институции се на готовс, но иако изминаа многу години оттогаш, сепак предизвикот е голем. Покажува дека колку и да напредува светот, болеста е нешто што ќе демне секогаш. Важно е да се почитуваат мерките и да водиме грижа за своето здравје на кое никако не треба да забораваме во брзиот живот за опстанок и профит.

Loading...

Извор: „Наш весник“ број 6 (понеделник, 15 јануари 1962. година)

Leave a Reply