Ентони Ли Инграм се враќа во редовите на КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Поранешниот кошаркар на КК Куманово Ентони Ли Инграм, кој настапува на позицијата ниско крило, инаку бранител на кумановскиот дрес пред две ипол години, се враќа во редовите на тимот, објави денес кумановскиот клуб.

Loading...

Ли Инграм во минатото настапуваше за Омонија од Кипар, клубот Темишвар од Романија и Пери лејкс од Австралија.

Во пресрет на овогодинешната сезона и настапот во ФИБА, КК Куманово претходно ги обнови договорите со Александар Костовски, со Вукашин Мандиќ, а за свој старо нов тренер го назначи Љубисав Луковиќ.

Ентони Ли Инграм е роден 1988 година, висок е 195 см и тежок 98 килограми. Игра на позицијата ниско крило.