Енергоатом: Запорожје исклучена од украинската мрежа

Сподели со своите пријатели

Украинската нуклеарна централа Запорожје денеска е исклучена од електродистрибутивната мрежа на Украина по руското гранатирање, соопшти украинската компанија за атомска енергија „Енергоатом“.

Loading...

„Руските терористи уште еднаш ги гранатираа трафостаниците на клучната инфраструктура на територијата на Украина, што резултираше со исклучување на последниот далновод Запорожје – Днипро утрово во 03:59 часот“, се наведува во соопштението, пренесе Ројтерс.

Руските сили зазедоа нуклеарна централа во јужна Украина, најголемата нуклеарна централа во Европа, но со неа сè уште управува украински персонал.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.