Украинската државна компанија за нуклеарна енергија Енергоатом денеска ја обвини Русија за киднапирање на двајца високи функционери на нуклеарната централа Запорожје на југот на Украина, која е под контрола на руските сили.
Loading...
Шефот за информатичка технологија на електраната Олех Костјуков и помошникот директор на електраната Олех Осек се фатени во понеделникот, објави Енергоатом на Телеграм.
„Во моментов ништо не се знае за нивната состојба и каде се“, се вели во соопштението на Енергоатом, пренесува Танјуг.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.