Енергијата ја зголеми инфлацијата во Германија во јануари

Сподели со своите пријатели

Годишната стапка на инфлација во Германија измерена во јануари изнесува 8,7 отсто. Ова е скок во однос на декемвриските 8,1 отсто.

Loading...

Потрошувачките цени се зголемени поради зголемувањето на цените на енергијата бидејќи владините субвенции за сметките за енергија истекуваат на 1 јануари 2023 година.

Во однос на јануари 2022 година, цената на енергијата е зголемена за 23,1 отсто. Кај домаќинствата гасот поскапува за 51,7 отсто, а парното греење за 26 отсто.

Огревното дрво, пелетите и другите цврсти горива поскапеа за 49,6 отсто, а нафтата за греење за 30,6 отсто.

Цената на струјата се зголеми за 25,7 отсто и покрај замрзнувањето на цената на струјата.

Нафтените деривати поскапеа за седум отсто.

Освен енергијата, храната поскапела за 20,2 отсто. Поскапуваат млекото и јајцата за 35,8 отсто, маслата и мастите за јадење за 33,8 отсто, а лебот и житариците за 22,7 отсто.

Во однос на претходниот месец декември, инфлацијата е зголемена за еден процент.

Loading...

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.