Бројни спасувачки тимови продолжуваат со операциите за пребарување и спасување во турските региони погодени од катастрофални земјотреси.
Како што јавува Анадолија, во градот Кахраманмарас спасувачките екипи од урнатините извлекле едно и полгодишно бебе Масал.
Масал била заробена под урнатините цели 55 часа. Спасувачите слушнале глас од под урнатините, ископале тунел и со огромни напори успеале да го извлечат бебето на безбедно.
Нејзината мајка, 23-годишната Јелиз Кирачакали, која го одржувала бебето во живот со доење, била закопана со бебето во урнатините. Јелиз се уште е заробена под урнатините и нејзината спасувачка операција е во тек.
На денот на земјотресот, таткото на бебето, Омер Кирачакали, се ослободил од урнатините каде што останале неговата сопруга и нивното бебе.
Два дена подоцна, конечно повторно се сретнал со Масал. Ја држел својата мала ќерка во раце, ја прегрнал и плачел, а плачеле и останатите кои биле сведоци на трогателната сцена.
Оваа многу емотивна средба ја снимија камерите.
• TSK arama kurtarma ve Ankara Büyükşehir Belediyesi İtfaiye ekipleri, enkazda dinleme yaptı
• Enkazdan ses alan ekipler, tünel açtı
• Baba, büyük mutluluk yaşadıKahramanmaraş’ta 1,5 yaşındaki Masal depremden 55 saat sonra enkazdan çıkarıldı https://t.co/gPrx41lbDl pic.twitter.com/rq2vecPj70
— ANADOLU AJANSI (@anadoluajansi) February 8, 2023
Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Турција во понеделник рано наутро.
После тоа, нов земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди квартот Елбистан, исто така во Кахраманмарас, во понеделникот во 13 часот и 24 минути.
Најмалку 7.108 луѓе загинаа, а 40.910 се повредени по овие силни земјотреси, објави во средата турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД).
Бројни спасувачки тимови продолжуваат со операциите за пребарување и спасување во регионите погодени од разорните земјотреси.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.