Емисиите на CO2 дополнително се зголемиле во 2022 година, но помалку од очекуваното

Сподели со своите пријатели

Светските емисии на јаглерод диоксид (CO2) поврзани со производството на енергија дополнително се зголемија во 2022 година и достигнаа максимални вредности кои сè уште се пониски од очекуваните благодарение на зелената енергија и технологијата, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Loading...

„Ризикот од незауздан раст на емисиите на CO2 поради зголемената употреба на јаглен во контекст на енергетската криза не се оствари. Поголемата употреба на сончевата и ветерната енергија, електричните автомобили, енергетската ефикасност и други фактори го забавија растот на CO2“, се вели во својата анализа на ИЕА.

ИЕА, исто така, повикува на уште посилен ангажман.

Во 2022 година, емисиите на CO2 од енергијата се зголемија за 0,9 отсто, достигнувајќи рекорд од повеќе од 36,8 милијарди тони, се вели во извештајот.

Емисиите на стакленички гасови се намалени за околу 550 милиони тони CO2 благодарение на новите енергетски инфраструктури со низок јаглерод.

Емисиите поврзани со нафтата се зголемија за 2,5 отсто, но останаа под нивото пред пандемијата на Ковид.

Повеќе од половина од зголемувањето на овие емисии се должи на обновувањето на воздушниот сообраќај, објаснуваат од ИЕА.

Во Азија, без Кина, емисиите се зголемија за 4,2 отсто, поттикнати од економскиот раст. Кина, каде што се на сила ограничувањата поради Ковид, остана на истото ниво на емисии како и досега.

Loading...

Во ЕУ емисиите се намалија за 2,5 отсто благодарение на рекордната употреба на обновливи извори.

Во САД емисиите на CO2 се зголемија за 0,8 отсто, со нагло зголемување на побарувачката за енергија поради екстремните температури.