Емилија Трајковска од Куманово е нова пратеничка во Собранието

Сподели со своите пријатели

Емилија Трајковска од Куманово, ќе биде нова пратеничка во Собранието на местото на Невенка Стаменковска- Стојковски, која стана заменик министер за информатичко општество во техничката Влада.

Loading...

Трајковска доаѓаод редовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а нејзиниот мандат треба да го потврди првин Државната изборна комисија, а потоа да оди на верификација во Собранието.

Кумановката трајковска по професија е дипломиран правник и работи во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. Моментално е дел од Советот на Општина Куманово.

На претходните избори под реден број 13 беше на листата за пратеници во Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Советот на нејзинот место доаѓа Елена Трајановска, која е следна жена на листата советници од локалните избори.

Leave a Reply