Емил Димитриев ќе го замени досегашниот премиер Груевски

Сподели со своите пријатели

Емил Димитриев ќе го замени Никола Груевски, откако денес неговата оставка беше депонирана во Собранието на Република Македонија.

Димитриев ќе делува како технички премиер, со функција и обврска да ги спроведе предвремените парламентарни избори.

Во време на назначувањето, тој ја извршува функцијата генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ од јули 2013 година каде е задолжен за кадровски прашања, вработувања и теренска работа со членството.

Роден во Пробиштип. Дипломирал социологија, а подоцна студирал и на Воената академија за резервни офицери.

Во 2008 година станува заменик министер за одбрана, а во 2011 година е избран за пратеник.

Како што јавува ТВ Телма, неговиот имот кој е пријавен во Антикорупциската комисија се проценува на 14 ооо евра.

Поседува автомобил Опел Астра а во анкетниот лист е наведен и имотот на родителите во Пробиштип и нивните плати. На име на сопругата пријавил парични средства од 20 000 денари а на децата 10 000 денари.

Извор: Телма.мк