Елвира загина во сообраќајка, а претходно во два пожара изгубила три деца

Сподели со своите пријатели

Елвира Колопар (33) од Сента, која загина во тешка несреќа во Торњош кај Сента, ги загубила своите деца во два пожари.

Loading...

Поточно, во ноември 2018 година, осумгодишна Емина загина во пожар што избувна во трошна куќа во Сента додека нејзините двајца браќа и сестри беа тешко повредени.

Во сличен пожар што се случил пред 13 години во касарната во Сента, Елвира веќе изгубила две деца, пренесуваат српските медиуми.

Во средината на јануари 2006 година, страдале Анабела (3) и деветмесечната Наталија.

– По минатогодишната трагедија, Елвира и нејзините деца добија општински стан. Ноќта меѓу саботата и недела, неколку часа по сообраќајката во која почина Елвира, нејзините деца биле пренесени во згрижувачко семејство – пренесува српски Курир.

Несреќната жена се наоѓала на задното седиште на автомобил „Фолксваген Пасат“, со германски регистарски таблички, управувано од Јозеф Ковач (52) од Сента.

Од непозната причина, автомобилот удрил во сообраќаен знак, а потоа и во бетонски столб.

Во возилото се наоѓал и Миодраг Ј. (24) од Богарас кај Сента. Се здобил со полесни повреди.

Loading...

Телата на жртвите биле предадени на обдукција.

Leave a Reply