Елон Маск заигра: Првите автомобили на Тесла излегоа од фабрика во Германија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Од германската фабрика во близина на Берлин излегоа првите автомобили на американскиот производител Тесла. Првата производствена фабрика во Европа е отворена во Германија, бидејќи компанијата се обидува да го намали притисокот врз другите нејзини фабрики во САД и Кина.

Loading...

Фабриката ја посети и основачот и извршен директор на Тесла, кој танцуваше и се пошегува со фановите.

Ова е почеток на производството на американски автомобили во Европа, само две години откако беше објавено, објави Ројтерс.

„Ова е одличен ден за Тесла“, рече Маск, пред да го поздрави лансирањето како „уште еден чекор кон одржлива иднина“, објави Ројтерс.

Директорот на Тесла ги оживеа своите сеќавања од основањето фабрика во Шангај во јануари 2020 година, каде што покажа некои од неговите танцови движења.

 

 

Loading...