Елитните специјалци меѓу уапсените за обидот за државен удар во Германија

Сподели со своите пријатели

Во огромните рации низ Германија рано утринава беа уапсени 25 лица кои се осомничени дека се обиделе насилно да ја соборат владата.

Loading...

Германските медиуми наведуваат дека се работи за група екстремни десничари и поранешни припадници на армијата, кои планирале да упаднат во зградата на парламентот и да ја преземат власта.

Според германските медиуми, повикувајќи се на федералното обвинителство, активни и поранешни припадници на војската биле „значаен дел од заговорот“.

Меѓу нив имало и поранешни припадници на елитните специјални сили, а целта на военото крило на групата била да ги елиминира демократските тела на локално ниво, соопштија обвинителите.

Под истрага е и поранешен припадник на специјалните сили командоси.

Полицијата го претресла неговиот дом, како и соба во воената база Граф-Цепелин во Калв, југоисточно од Штутгарт.

Планирано да ги постигне целите „со воени средства и насилство“

Поранешни припадници на германската армија одиграле значајна улога во организирањето и планирањето на државниот удар.

Loading...

Заговорниците, објави федералното обвинителство, планирале лично да владеат со Германија.

Меѓу уапсените има и еден активен војник и неколку резервисти, објави воената разузнавачка агенција БАМАД.

Активен војник е припадник на Командата на специјалните сили.

Заговорниците веруваа дека можат да ги постигнат своите цели само со „воени средства и насилство врз претставниците на државата“, што вклучува и убиства.