Елези: Одлична реализација од нaд 65% на Проектот за подобрување на општински услуги

Сподели со своите пријатели

Реализацијата на капиталните проекти преку Проектот за подобрување на општински услуги МСИП оди со одлична динамика, со реализација од над 65%, истакна заменик министерката за финансии Ширет Елези на владината седница која се одржа вчера во Битола.

Loading...

Со Проектот за подобрување на општинските услуги, кој е поддржан од Светска банка, се финансираат капитални проекти кои ќе ги подобрат општинските услуги во сите општини во земјава, истакна заменик министерката за финансии.

-Вкупниот фонд на Проектот изнесува 81 милион евра и досега 58 општини го искористија во првата фаза на проектот, додека 15 општини го искористија во втората фаза. Преку проектот е поддржана изградба и реконструкција на локална инфраструктура, на локални улици, градинки, училишта, водоводи, со цел да подобрат условите за живот на граѓаните во овие општини.Конкретни примери, преку проектот годинава се реконструираше училиштето во Групчин како и два патни правци во општина Желино, реконструкција на кров на училиште во Чаир, општинска зграда во Ново Село, реконструкција и изградба на повеќе локални правци во општините итн.Ова се конкретни проекти кои ги подобруваат условите за живот на граѓаните.  

Заменик министерката истакна и дека во 2019 година е искористен целосно ИПА грантот за рурална инфраструктура, чиј вкупен износ е 20,3 милиони евра, од кои 15,2 милиони евра се грант средства од ЕУ, додека 5,1 милиони се буџетски средства. Со него се реализирани 135 проекти во 78 општини низ цела држава како училишта, градинки, локални патишта, фотоволтаични системи, филтер-станици за вода и подобрување на системите за наводнување.

Leave a Reply