Елен налета на ловџија: Му ги заби роговите во лице (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Лешек Каминиски бил на групен лов во шумата во близина на Хелм, во југоисточна Полска, кога наишол на разбеснето животно кое се криело во грмушка.

Loading...

На видеото кое го објави на Јутјуб се гледа како со кренато оружје оди кон еленот, а камерата од прво лице ја прикажува перспективата на Каминиски.

Одеднаш, животното со огромна брзина излета од грмушките право во камерата и со рогови го прободе ловецот во лицето, оставајќи го со страшни повреди.

Каминиски заедно со камерата паднал на земја, а ловецот воздивнал од болка пред да пцуе на полски.

Додека еленот побегнал, Каминиски останал да лежи на земја со тешко оштетено око.

Фотографиите што подоцна ги објави ловецот на социјалните мрежи покажуваат како крв излева од оштетеното око и му тече по лицето.

На друга фотографија се гледа неговата ловечка пушка на земја, исто така облеана во крв.

Откако колегите ловци го пронашле, Каминиски – кој води ловечки блог – итно бил пренесен во болница каде што му била извршена операција на очите и скалпот.

Loading...

Еден колега блогер од страницата наречена wildman.pl рече: „Лешек се обиде да го избегне еленот и успеа да направи чекор налево, што можеби му го спаси животот“.

„За среќа, очните мускули и нервите се недопрени, а отокот е сè помал. Мораме да запомниме дека секое животно, без разлика на неговата големина, ќе нападне кога ќе почувствува закана. Како што можете да видите, тркачкиот елен може да биде голема закана за ловец“, пишува блогерот.

Иако инцидентот се случил непосредно пред Божиќ, видео дури сега е објавено на интернет: