Електричен столб се запалил во село Пчиња

Сподели со своите пријатели

Припадниците на територијалната противпожарна единица од Куманово вчера бележат интервенција во селото Пчиња на опожарен електричен столб, бандера, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенцијата започнала во 5:45 часот, а пожарот целосно бил ликвидиран во 7:30 часот.

Причините за избувнување на пламените јазици засега не се познати.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.