Ел Салвадор го погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Салвадор, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Претседателот на Салвадор Наџиб Букеле на Твитер напиша дека јачината на земјотресот била 5,9 степени, пренесе Ројтерс.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина ги повикува САД на дијалог и соработка со цел постигнување трговски договор