Еквадор: Водач на озлогласена банда „испарил“ од затвор, прогласена вонредна состојба

Сподели со своите пријатели

Водачот на озлогласената криминална група, која меѓу другото е осомничена и за убиство на претседателскиот кандидат на Еквадор, исчезна од затвор, а властите прогласија двомесечна вонредна состојба.

Loading...

Адолфо Масијас Виљамар, познат како Фито, отслужуваше 12-годишна затворска казна, но во неделата, на 7 јануари, чуварите забележале дека го нема.

Оттогаш, потрагата по водачот на моќната мафијашка група „Лос Чонерос“ („Луѓе од градот Чона“) е во тек.

Ќелијата на Виљамар е во делот од затворот во Гвајакил кој би ја држел под посебен надзор.

Даниел Нобоа, кој ја презеде функцијата пред три месеци како најмладиот претседател во историјата на земјата, прогласи вонредна состојба за период од 60 дена, која меѓу другото вклучува и привремена забрана за јавни собири и полициски час.

Според Нобоа, вонредната состојба ќе им овозможи на војската и полицијата да преземат директна контрола над затворите во земјата.

„Наркотерористичките групи сакаат да не заплашат и мислат дека ќе попуштиме на нивните барања“, рече 35-годишниот Нобоа.

„Но, ние нема да преговараме со терористите и нема да запреме додека не воспоставиме мир во земјата“, рече тој.

Loading...

Даниел Нобоа победи на претседателските избори во октомври минатата година.

За време на предизборната кампања убиен е еден од кандидатите, поранешниот новинар и борец против мафијата Фернандо Виљависенсио, а во ова убиство осомничени се Лос Чонерос и лично Фито кои му се заканувале на политичарот.

Фито беше пријавен за исчезнат во неделата. Го барале низ целото крило на затворот, но не го нашле.

Се уште не е јасно дали Фито избегал или се крие некаде во големиот затворски комплекс.

Полицијата не знае точно кога Фито исчезнал од ќелијата.

Според началникот на полицијата, стотици полицајци го бараат Фито.

Фито често им пркоси на властите, а имаше и снимен случај кога играше „наркокоридо“, музичко видео во кое се велича неговите криминални подвизи, кој делумно беше снимен во затвор.

Маријачи Браво пее заедно со ќерката на Фито, позната како кралицата Мишел и го фали „човекот на честа“.

Loading...

„Ти симнувам капа, Фито, мој татко“, пее неговата ќерка, тврдејќи дека „добра крв тече низ неговите вени“.

На видеото се гледа и како Фито милува петел облечен за борба и слободно разговара со затворениците.

Фактот дека видеото можело да биде снимено зад решетки сугерира дека е прекршена забраната за користење електронски уреди во затворот.

Ла Регионал се наоѓа во голем затворски комплекс со вкупно пет казнено-поправни установи и повеќе од 12.000 затвореници.

Фито беше таму во поголемиот дел од затворската казна.

Во август, тој накратко беше префрлен во Ла Рока, помал затвор во истиот комплекс, кој се смета за побезбеден поради помалиот број затвореници.

За неговиот трансфер биле ангажирани стотици војници како обезбедување.

Но, адвокатот на осудениот ја обжали одлуката за неговиот трансфер и победи, а Фито по само еден месец беше вратен во Ла Регионал.

Loading...

Фито и претходно бегаше од затвор.

Тој и уште 17 затвореници избегаа од Ла Рока во 2013 година.

Четири месеци подоцна, тој беше фатен заедно со неговиот брат, исто така член на бандата Лос Чонерос, во куќата на нивната мајка во градот Манта.

Оттогаш Фито е во затвор.

По убиството на Хорхе Луис Замбрано во декември 2020 година, тој го презеде раководството на Лос Чонерос.

Бандата, која го носи името од градот Чоне, главно се занимава со трговија со дрога и изнуда и има воспоставено врски со моќниот мексикански картел Синалоа.

Loading...