Екстремните горештини прават штета од 100 милијарди долари за американската економија

Сподели со своите пријатели

Екстремните горештини имаат сериозни последици не само за луѓето, животните и животната средина во целина, туку и за економијата, што го потврдува и состојбата во Соединетите Американски Држави.

Loading...

Имено, температурите се движат околу 40 степени, а во традиционално потоплите области, како Аризона, се блиску до 50.

Тоа ги зголемува трошоците за компаниите од сите големини, а во исто време ги намалува нивните приходи бидејќи луѓето трошат помалку во вакви екстремни услови.

Иако вистинското економско влијание на тешките временски услови допрва треба да биде целосно докажано, неодамнешните студии покажаа дека екстремната топлина може да има годишно влијание од 100 милијарди долари врз американската економија, само од изгубената продуктивност.

Освен угостителството и трговијата, кои страдаат од недостаток на потрошувачи, проблематично е и за оние чиј бизнис се одвива „надвор“.

Работниците не можат да работат на такви температури, што ја намалува продуктивноста.

Според тоа, Moody’s Analytics проценува дека ако ништо не се промени во врска со ваквите екстремни топлински шокови, светскиот БДП би можел да се намали до 17,6 отсто до 2100 година.

Загубите се најголеми во секторите како што се земјоделството и градежништвото, но ниту една индустрија или бизнис не се имуни.

Loading...

Дури и ако вработен работи во климатизирана средина, тоа не мора да значи дека му се овозможува истиот луксуз дома.

Исто така, нарушувањата на спиењето за време на жештините може да доведат до исцрпеност, а со тоа и до намалена продуктивност следниот ден.

Експертите велат дека е проблематично и тоа што температурите се зголемуваат толку брзо што луѓето немаат време да се навикнат.

Ниту физички, ниту во деловна смисла, бидејќи самоперцепцијата на ризикот не оди во чекор со ситуацијата.

Сето тоа ќе мора да се смени бидејќи пристигнаа промените кои бараат промени во навиките.

Не само со секој поединец, туку и со одговорните за воведување регулативи кои јасно ќе одредат како, колку и кога да се работи кога температурите достигнуваат потенцијално смртоносни височини…