Екстерно тестирање од 6-то одделение, оценките ќе бидат исфрлени од сведителствата

Сподели со своите пријатели

Новите законските измени за основно и средно образование што вчера беа усвоени од странана Собранието на Република Македонија предвидуваат екстерното тестирање да се спроведува од 6то одделение, но добиените оценки да не стојат во сведителствата на ученикот, а набљудувачите да се избираат на јавен конкурс.

Оценките за разлика од претходно, сега ќе стојат на посебен додаток кој ќе биде издаван со сведителството. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои го изгласаат сами законот без опозицијата, велат дека тоа е по барањата на ученциите и студентите и дека со овие мерки ќе се подобри квалитетот на образованието.

Против екстерното протестираа и учениците и професорите и наставниците, но власта досега не се согласи тоа да биде повлечено и доработено како проект. Екстерното тестирање беше воведено во учебната 2012/2013 за да се провери објективноста на наставниците при вреднувањето на успехот на учениците. Но, оттогаш го следат бројни контроверзии.